За ПОШТА КОЛПОРТЕР

КОЛПОРТЕР д.о.о. има долгогодишно искуство со ефикасна и супер-брза дистрибуција на печатени материјали на територија на целата држава.

Забележавме многу простор за подобрување на поштенските услуги, па имајќи беспрекорно воспоставени и организирани мрежа и возен парк, одлучивме да понудиме услуга со која доставата на пратки во Македонија ќе се подигне за неколку нивоа нагоре.

Пошта КОЛПОРТЕР е опремена со најсовремена информатичка структура и системи, со што овозможуваме оптимална рута за вашата пратка да стигне најбрзо и најбезбедно до својата дестинација, притоа овозможувајќи Ви да го следите целиот процес преку Интернет, од закажување на пратката, до нејзина достава на конечната дестинација во реално време.